Citroen C5 во продажба уште од оваа година

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата на Peugeot 508 беше повеќе од јасно дека PSA Групацијата ќе ја искористи EMP2 платформата за лимузински модел под брендот на Citroen. Овие шпекулации официјално беа потврдени од Citroen уште во 2018 година кога беше најавена новата лимузина во 2020 или 2021 година.

Сега и официјално новата лимузина која всушност претставува нова генерација на Citroen C5 ќе биде достапна за продажба уште од оваа година.

“Новиот Citroen C5 е во подготовка и верувајте ми навистина изгледа сјајно” изјави Лоренс Хансен, еден од директорите на Citroen. Тој додаде дека ова е многу важен автомобил за нив со кој ќе се обидат да конкурираат за што е можно поголем пазарен удел во D сегментот во Европа.

Засега нема информации дали овој модел најпрво ќе се појави во Кина, а потоа во Европа, а ниту кога точно ќе биде премиерата на продукциската изведба.

Инаку овој модел францускиот производител го лансираше во 2000 година кога се појави првата генерација која се произведуваше се до 2008 година. Кон крајот на 2008 година беше лансирана втората генерација чиј екстериер е дело на хрватот Домагој Ѓукец, а оваа генерација покрај во Рен (Франција) се произведува и во Вухан (Кина).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK