BMW со пораст на продажбата на електрични возила за повеќе од 80 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Групацијата BMW испорача вкупно 588.138 возила од брендовите BMW, Мини и Rolls-Royce во првиот квартал од оваа година, што е за 1,5 отсто помалку во однос на истиот период минатата година, пренесува германската агенција dpa. Сепак, во првиот квартал од оваа година, групацијата забележа раст од над 80% во продажбата на целосно електрични возила.

Помеѓу јануари и март, групата испорача 64.647 целосно електрични возила BMW и Mini на клиентите.

Во тој период се продадени 517.957 возила BMW, што е за 0,4 отсто помалку од истиот период лани. Во исто време, продажбата на целосно електрични возила од брендот BMW се зголеми за повеќе од двојно.

Во првиот квартал од годинава на клиентите им биле испорачани 55.979 возила, што е за 112,3 отсто повеќе од лани.

Во исто време, BMW Group е оптимист за оваа година, бидејќи очекуваат благ пораст на испораките ширум светот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK