Најбрзото безбедносно возило во историјата на Формула 1 (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во новата сезона во Формула 1 ќе има и ново безбедносно возило коешто ќе ги предводи пилотите во нивните болиди во моменти кога ќе има потреба за некакво расчистување на патеката.

Се работи за возилото Mercedes-AMG GT R кое своето деби ќе го има на ГН на Австралија. Тој Mercedes е најмоќниот и најбрз автомобил кој ќе се најде пред болидите во целата досегашна историја на натпреварувањето.

Mercedes-AMG GT R има 4-литарски V8 мотор со две турбини и моќност од 585 коњски сили, како и максимален вртежен момент од 700 Nm. Максималната брзина на автомобилот е 318 км/ч, додека забрзувањето од 0 до 100 км/ч доаѓа за 3,6 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK