Renault Arkana со почетна цена од 14 илјади евра…. ама!

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата во мај годинава, новиот модел Arkana е спремен за влез на продажно-изложбените салони низ Русија. За таа цел објавени се и продажните цени на овој модел кој стартува од 14.100 евра. Оваа цена се однесува на основниот пакет на опременост Life со 1.6 литарски бензински мотор под хаубата кој доаѓа со 5 степен мануелен менувач.

Со повисоко ниво на опременост и 1.3 литарски TCe мотор со 150 КС, овој модел би чинел 17.200 евра додека за погон ан четири тркала потребно е да се доплати уште 1.500 евра.

Edition One специјалната верзија е со највисоко ниво на опременост, погон на сите четири тркала и автоматски менувач. Оваа верзија е најскапа во понудата и изнесува речиси 21 илјади евра.

Од претходно е познато дека овој модел ќе се продава само во Русија и земјите од CIS (Украина, Белорусија, Казахстан…), а производството ќе се одвива во фабриката на Renault во близина на Москва. Првите модели од производната лента се очекува да излезат во септември годинава, а во нареднот период се очекува да биде објавена и почетната цена.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK