KIA EV9 Electric ќе дебитира како концепт на 11 ноември

ОБЈАВЕНО НА:

Kia официјално го објави откривањето на концептниот автомобил EV9 преку тизер објавен на својот инстаграм. Целосно електричниот EV9 ќе стане водечкиот електричен SUV на Kia, а концептот ќе дебитира на 11 ноември.

Тизерот не покажува многу, но од силуетата на концептниот автомобил и од неговото име, веројатно е дека ќе има сличност со Kia Telluride кој е најголемиот SUV моментално во моделската палета на компанијата. Понатаму, обликот на „кутија“, рамната линија на покривот и архитектурата која е посветена на EV може да значат дека EV9 доаѓа со три реда седишта.

Моделот најверојатно ќе ги сподели своите основи со претстојниот Hyundai Ioniq 7 кој беше најавен пред неколку недели. Ова значи дека би можел да добие варијанта AWD со поставување на двоен мотор и комбинирана моќност од 308 КС, плус голема батерија од 100 kWh со технологија од 800 волти.

Во 2020 година, Kia вети дека ќе претстави седум наменски модели на целосно електрични возила до 2027 година. Првиот беше хечбекот EV6 кој дебитираше пред неколку месеци со воведување на платформата E-GMP. заедно со Hyundai Ioniq 5. „Истегнатата верзија“ на оваа скалеста архитектура најверојатно ќе послужи како основа за концептот EV9 и покрај забележливата разлика во големината.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kia Worldwide (@kia.worldwide)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK