Вака би можело да изгледа купе изведбата на BMW Z4

ОБЈАВЕНО НА:

Откако роудстер изведбата на Z4 беше премиерно претставена на Concours d’Elegance Pebble Beach, а европската премиера најавена за овогодинешното издание на саемот за автомобили во Париз, на интернет се појавија првите рендери за можната купе изведба на овој модел.

X-Tomi Design се првите кои ја искажаа својата замисла за купе изведбата на Z4. Овој рендер се темели во целост на веќе претставената роудстер изведба, а е со покрив кој нагло се спушта кон задниот дел на автомобилот што му дава доста спортски и агресивен карактер.

Љубителите на BMW имаа позитивни реакции на овој рендер, меѓутоа не е сеуште познато дали германскиот производител ќе лансира и купе изведба иако во минатото беше лансирана ваква изведба на овој модел.

Што се однесува до роудстер изведбата, новата генерација е поширока за околу 70 мм во однос на претходната, полесна за 50 килограми и со 50:50 распоред на тежината. Во внатрешноста доаѓа последната генерација на дигиталниот Live Cockpit Professional кокпит со 12.3 инчен екран.

Под хаубата на овој нов модел ќе се наоѓа 3.0 литарски шест цилиндрен мотор со 340 КС, опремен со 8 степен автоматски менувач. Ваквата спецификација придонесува до 100 км/ч да забрзува за 4.6 секунди, а максималната брзина која може да ја достигне изнесува 250 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK