Принцот Чарлс во посета на фабриката на MINI

ОБЈАВЕНО НА:

MINI и Land Rover, во прв ред, а потоа и Aston Martin се легендарни британски производители кои имаат тесни односи со кралското семејство. Оттука, фабриката на MINI во Оксфорд ја посети принцот Чарлс.

Во соопштението за јавноста, британскиот производител наведе дека Принцот одблиску се запознал со производствените процеси во оваа фабрика, а при тоа имал можност да се вози со електричниот MINI.

“Ни беше огромна чест да му посакаме добредојде на неговото височество Принцот од Велс, во срцето на MINI, во Оксфорд со што ни беше чест да го одбележиме јубилејот” стои меѓудругото во соопштението на MINI.

Јубилејот се однесува на точно 20 години откако во оваа фабрика се произведе првиот автомобил на MINI како дел од BMW Group.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK