Бензинот поскапува – дизелот со иста цена

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска горивата во Македонија ќе се продаваат по нови цени. Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,22%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,22%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се
зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 21.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,122 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,832 ден/кг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK