Нема веќе крадење возила: Доаѓа нова технологија

ОБЈАВЕНО НА:

Дури и д аго заборавите автомобилот со клучот во бравата и заминете, нема да морате да се грижите дека шансите за крадење се големи. Технологијата оди постојано напред.

Во соработка со партнерот trinamiX, ​​германскиот добавувач во автомобилската индустрија Continental претстави важна иновација – екран за идентификација на возачот со интегрирана камера за биометриско препознавање на возачот. На тој начин би требало да се намали бројот на кражби.

Неодамна, овој систем ја освои CES Innovation Award 2023 во категоријата Vehicle Tech & Advanced Mobility на CES 2023 во Лас Вегас.

На Mobile World Congress (MWC) 2023, кој ќе се одржува од 27 февруари до 2 март во Барселона, екранот за прв пат во Европа ќе биде претставен на штандот trinamiX.

Екранот за идентификација на возачот е првиот автомобилски екран во светот за внатрешноста на возилото кој овозможува бесконтактна, високо безбедна автентикација и помага да се спречи измама и кражба.

Функцијата со која многу корисници на паметни телефони веќе се запознаени сега ја наоѓа својата примена во возилата. Continental и trinamiX, ​​водечки снабдувач на биометриски решенија, ја носат интеракцијата помеѓу возачот и возилото на ново ниво.

Технологијата сигурно штити од кражба на автомобил, бидејќи возилото може да се стартува само по успешна потврда (автентичност) на лицето на возачкото седиште.

Има и други апликации, кои очигледно ќе бидат важни во иднина. Ја зголемува удобноста во автомобилскиот сектор во многу случаи, како што се процесите на дигитално плаќање преку екранот на автомобилот при полнење гориво, паркирање или плаќање патарина, како и при изнајмување автомобили. Покрај тоа, технологијата може да се користи за плаќања или за пристап до дигитални услуги.

Камерата вградена во системот се користи за сигурно следење на вниманието на возачот за да се спречат опасности како што е замор зад воланот. Камерата е беспрекорно интегрирана во екранот, што ја прави невидлива за возачот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK