AutoBild го најави фејслифтот на Skoda Karoq (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Популарниот германски магазин за автомобилизам, AutoBild објави видео во кое го најавува изгледот на фејслифтот на Skoda Karoq.

Од приложените рендери може да се забележи дека фејслифтот доаѓа со минимални естетски промени кои особено се приметливи на предниот дел поточно предниот браник.

За очекување е останатите технички карактеристики како димензијата, мотористиката и опремата да останат исти како и кај актуелниот модел. Тоа значи должина од 4.382 мм, меѓуоскино растојание од 2.638 мм, и неколку бензински мотори.

Актуелната, прва генерација датира уште од 2017 година кога на специјален настан, во мај истата година беше претставена во Стокхолм, Шведска. Покрај во Европа, со малку поголеми димензии овој кросовер се произведува и продава и во Кина.

Премиерата на фејслифтот се очекува да се случи во септември годинава.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK