Audi A3 стана „петкаш“ на Euro NCAP краш тестот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе од очекувано, Audi A3 ги освои максималните пет ѕвезди на краш тестот на Euro NCAP и покрај построгите критериуми кои се со важност од оваа година.

Автомобилот тежок 1.500 килограми, споредбено со останатите модели на Audi освои помал скор во поглед на сите четири критериуми.

Најдобар скор освои во однос на безбедноста на возачот од 89%, а потоа следи безбедноста на децата на задната клупа од 81%. 73% изнесува скорот во поглед на безбедносната асистенција на возачот, а најслабо помина за безбедноста на пешаците и тоа од 68%.

Краш тестот може да го погледнете во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK