Alfa Romeo со нов електричен SUV во 2022 година

ОБЈАВЕНО НА:

Доаѓаат ли светли денови за Alfa Romeo? Италијанскиот бренд кој во моментот има само два модели во понудата, Stelvio и Giulia, во 2022 година ќе добие уште еден.

Станува збор за мал електричен SUV модел кој ќе се позиционира под Tonale кој пристигнува следната година. Оваа вест ја обелодени Autocar кој повикувајќи се на интерни извори наведува дека овој нов модел ќе пристигне во текот на 2022 година.

Овој модел ќе се базира на EMP1 платформата развиена од PSA Групацијата на која се темели и новата електрична Opel Mokka. Се очекува да дојде со единечен електричен мотор со моќност од 134 КС како и 50 kWh батерија.

Магазинот наведува и дека во Alfa не се откажуваат од GTV и 8C. Овие модели би можело да се додадат во понудата на италијанскиот производител доколку во наредните година-две се стабилизира пазарот на нови автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK