По речиси 60 години GM доби ново лого

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најголемите американски производители на автомобили, General Motors, го претстави својот нов бренд-идентитет претставувајќи го новото лого.

Логото, кое треба да ја најави новата ера на електрификација, го заменува постоечкото кое е претставено пред повеќе од 50 години.

“Има моменти во историајта кога се менува се” изјави меѓудругото Дебора Вал, шефица на Одделот за маркетинг на GM. Таа додаде дека за разлика од претходно, денес ги имаат решенијата, можностите и способностите да ги елекрифицираат возилата кои ги произведуваат.

GM соопшти и претходно дека плановите за електрификација ќе ги опфати сите брендови на овој производител, вклучувајќи ги Buick, Cadillac, Chevrolet и GMC.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK