Погледнете како изгледаат халите во Женева по веста за откажување на саемот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На голема жалост на љубителите на автомобилизмот, организаторите на саемот во Женева го одложија истиот поради заканата од епидемијата на коронавирусот. Организаторите за одржувањето на овој саем вложија милиони евра, а многу финансиски средства издвоија и учесниците на овој саем кој на крајот мораа да одложат и дел од премиерите закажани за на овој саем.

Одложувањето се случи на само неколку денови пред почетокот па оттука спремните хали останаа непосетени. Токму видео приказ од овие празни хали се појави на интернет.

Во речиси 13 минутното видео прикажани се халите кои мора да признаеме изгледаат многу тажно.

А некои од најавените премиери се уште беа таму, покриени со превез …

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK