Ајде да летаме со Hyundai Santa Fe (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Има илјадници видеа на интернет кои се однесуваат на погрешни одлуки на возачите. Компилацијата сега се збогати со уште едно видео од САД. Се работи за настан кој се случил во Дејтона Бич, Флрида, на главниот мост во градот.

Главната улога ја има неидентификуван возач кој со своето возило Hyundai Santa Fe најпрво ја крши рампата, а потоа залетан го прескокнува мостот во момент кога истиот се крева.

За среќа во целиот настан нема повредени, WESH 2 News успеа да дојде до безбедносните камери на мостот и видеото го објави на својот YouTube канал.

Локалната полиција извести дека работат на идентификација на возачот по што истиот ќе биде уапсен.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK