Досетливи полицајци: Како ги фаќаат каминџиите што прават прекршоци

ОБЈАВЕНО НА:

Многу често се случува да има чудење на генијалноста на полициските службеници кога станува збор а наплата на казните.

Се случува да демнат во ровови, грмушки, покрај тоа се и мајстори за камуфлажа. Сепак, Холанѓаните овој пат победија. Тие се досетиле во посебен туристички автобус да стават двајца службеници кои ќе се возат по сообраќајните правци A1, A28 i A50.

Причината за туристичкиот автобус е дека полициските службеници се на повисоко и можат да видат кога возачите на камион користат мобилни телефони.

Во само два дена патролите во автобусот биле доволни за полициските службеници да испишат 500 прекршочни налоци. Од нив 241 биле за користење на мобилен телефон во возење,  другите за прекршоци како преминување на полна лента, неодржување на безбедно растојание…

Казната за типкање на мобилниот телефон при возење во Холандија е 230 евра. Инаку, во 2017 година полицајците од оваа земја се возеа во кампер возила и бараа возачи кои прават прекршоци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK