Аутомотив Груп донираше македонски чинари во за ОУ „Јан Амос Коменски“

ОБЈАВЕНО НА:

Како дел од заложбата за раззеленување на средината во која живееме и всадување љубов кон природата и здравата животна средна, компанијата Аутомотив Груп донираше нови македонски чинари, дрва кои беа засадени во дворот на ООУ „ Јан Амос Коменски“ во соработка и под покровителство со Општина Карпош и градоначалникот Стевче Јакимовски.

Врзано со денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј , еколошките активности во ООУ „Јан Амос Коменски“ продолжија со литературна активност доделување книги од писателот Киро Донев за учениците од прво и петто одделение кои што беа дел од акцијата за засадување.

Еко активноста и засадувањето како иницијативи ја покажуваат грижата за состојбата на училиштата во оваа општина, а во уредувањето на школскиот двор учествуваа и самите ученици.

„Денеска имаме убав повод да се дружиме заедно и да дадеме придонес во раззеленување на нашата општина. Воедно упатувам голема благодарност за донацијата до „Аутомотив груп“. Целта на овој настан драги деца е кај вас да се всади љубовта кон природата и здравата животна средина и нејзиното зачувување, а со присуството на писателот Киро Донев, се надевам дека кај вас ќе се поттикне и љубовта кон читањето. Ве поздравувам во име на Општината и се надевам дека соработката со ова и со другите училишта во Карпош ќе продолжи, изјави градоначалникот Стевче Јакимовски.

Директорката на ООУ „Ј.А. Коменски“, Маја Старова, ја истакна важноста од организирање вакви акции.

„Покрај акцијата за уредување на училишниот двор со долгогодишни автохтони дрвја, целата активност беше изведена со еднакво учество и на учениците, со што се потенцира важноста на заедничкото дејствување и грижата на сите нас за оние прашања што се од општ, јавен интерес. Ваквите примери имаат влијание и врз едукативната димензија и она што сакаме да им го пренесеме на учениците за вистинските вредности“, изјави Маја Ставрова, директорка на ООУ „Јан Амос Коменски“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK