Одлична сезона за PSS Racing: Џиролами е европски вице-првак – Давидовски го освои Dimond Cup

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот тим ја заврши сезоната во TCR Europe со два трофеи. Франко Џиролами во својата прва сезона го освои второто место, а Виктор Давидовски ја имаше најдобрата сезона досега и се враќа со трофејот од Dimond Cup

Вложениот труд конечно донесе резултат, па македонскиот тим PSS Racing во најсилното европско тркачко натпреварување, TCR Europe беше меѓу најпријатните изнанедувања сезонава. До пред почетокот на последниот викенд во Барселона, двајцата возачи на PSS Racing, Франко Џиролами и Виктор Давидовски влегоа со шанси да станат шампиони. Џиролами во конкуренција на возачи, а Давидовски во Dimond Cup (возачи над 40 година)

Поради технички проблеми уште во квалификациите Џиролами мораше да стартува од последниот ред што во многу ги наруши плановите да се бори за титулата. На претходната трка казната од судиите и одземената победа исто така ги нарушија плановите, но Џиролами покажа дека не само што има талент, туку и квалитет во себе и тим кој може да го поддржи во освојување на победи па и титулата.
Џиролами не освои бодови на првата трка, а победи Микел Аскона со што титулата беше решена. Но затоа Давидовски имаше шанса да го освои трофејот во неговата конкуренција.

Втората трка ја исполни желбата на Давидовски. Го освои трофејот во Daimond Cup иако имаше сериозна конкуренција во Мартин Риба. Судиите беа немилосрдни кон оние што учествуваа во инциденти, па и Риба беше меѓу нив. На крајот разликата од пет бода беше доволна Давидовски да се израдува на трофејот, кој колку толку беше делумна утеха за тимот.

PSS Racing ја имаше најуспешната сезона во TCR Europe и на крајот освои 484 бода, најмногу досега откако се трка. Во конкуренција на 14 тимови, нашиот PSS Racing беше петти. И што е подобро, најдобри во конкуренција на тимови што возат автомобили Honda.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK