(ВИДЕО) Opel Astra се тркаше со колиба – кој победи?

На патеката Санта Под во близина на Подингтон свое деби на тркачките патеки имаше колиба на четири тркала.

Оваа колиба која се базира на Volkswagen Passat од 1999 година, располага со 4,2 литарски V8 мотор кој продуцира 450 КС, а кој е позајмен од Audi RS4.

Патеката во должина од 400 метри оваа колиба-автомобил ја помина за 15,49 секунди, а максималната брзина која ја постигна изнесуваше 138 км/ч.

Колибата се тркаше против Opel Astra, а како сето тоа изгледаше можете да погледнете на видеото прикажано во продлжение.