Новиот DS ќе се трка со BMW 5 и Audi A6

ОБЈАВЕНО НА:

Брендот DS, кој се обидува да се смести меѓу главните марки, а е дел од групацијата PSA Peugeot Citroеn, планира да пушти во продажба нов модел. Иновацијата ќе биде направена во чест на 65-годишниот јубилеј од појавата на оригиналниот Citroen DS.

Плановите се новиот DS да се појави на пазарите во 2020 година и да биде конкуренција на автомобилот од типот на BMW 5 и Audi A6 и Mercedes-Benz E-Klasse.

Според прелиминарните информации новиот модел ќе го добие името DS 8 и според зборовите на луѓето од оваа компанија ќе изгледа неверојатно. Стилот веројатно ќе биде сличен со концептот Citroen Numero 9 и ќе се прави на модулната платформа EMP2.

Дизелите BlueHDi и бензин моторите PureTech ќе бидат главни во понудата, а не е исклучена и појава на хибртидна версија со системот E-Tense.