Volkswagen најави суперавтомобил со 680 КС на струја

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на годините, Volkswagen покажа различни концепти со спортски фокус, како што се W12 Nardo или XL Sport со Ducati V2 мотор. За жал, ниту еден од нив не стигна до сериска форма и едноставно остануваат во историјата на брендот како единечни парчиња.

Сепак, ова може многу брзо да се промени, бидејќи Германците навестија да направат нов спортски автомобил со рекордна моќност.

Компанијата соопшти дека развива свои електрични погони, вклучувајќи батерии и електрични мотори. Покрај тоа, инженерите од Волфсбург се вклучени во изработка на инвертери и системи за термичка дистрибуција кои овозможуваат прилагодување на традиционалните електрични возила, па дури и на спортските автомобили.

Брендот открива дека работи на ветувачка технологија за следната генерација на електрични возила, која ќе биде изградена на еволуција на денешната платформа MEV.

VW открива дека потенцијален спортски автомобил со нула емисија и над 500 киловати е многу можен проект. Претворајќи го тоа во коњски сили, тоа во превод значи околу 680 КС и влегување на територијата на Porsche Taycan.

Новата платформа внатрешно се нарекува MEV Evo и ќе му помогне на Volkswagen да ги намали трошоците за развој за околу 20%. Иако токму на оваа платформа ќе го видиме спортскиот електричен автомобил, компанијата ќе се фокусира на други сегменти кои веројатно ќе бидат многу попрофитабилни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK