И BMW Motorrad со пад на продажбата

ОБЈАВЕНО НА:

BMW Motorrad – дивизијата на BMW за производство на мотоцикли ги претстави најновите финансиски извештаи кои ја опфаќаат првата половина од годината. Очекувано, во наведениот период забележан е пад на продажбата од 17,7% споредбено со истиот период минатата година.

Сепак, она што ги израдува Баварците е одличната продажба во јуни која на месечно ниво е една од подобрите во последните неколку месеци. “Со рекордна продажба во јуни BMW Motorrad ја завршува првата половина од 2020 година” стои меѓудругото во соопштението на германскиот производител.

Инаку само во јуни продадени се 20.021 мотоцикли на глобалниот пазар што е за 9,8% повеќе во споредба со јуни минатата година.

Што се однесува до продажбата во првата половина од годината таа изнесуваше 76.707 што придонесе за вклучување на алармот. Но во BMW се оптимисти за наредните месеци и очекуваат во јули, август и септември да компензираат за лошата продажба во март, април и мај.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK