Toyota Corolla Cross GR Sport со поробусен изглед и спортска суспензија

ОБЈАВЕНО НА:

За Toyota сите пазари се важни, а понекогаш одредени модели се нудат само во некои земји бидејќи се смета дека тие се соодветни токму за таму. Така е и со моделот Corolla Cross GR Sport, со неговата промоција во Тајван и Азија. Истиот има серија визуелни и механички подобрувања во однос на стандардниот модел. Покрај тоа што изгледа построго, Corolla Cros GR Sport е и поспортска за возење благодарение на новата суспензијата што е потпишана од Gazoo Racing.

Гледано однадвор SUV моделот добива редизајниран преден браник со различна решетка слична на Hilux која е опкружена со црн хром. Предниот дел, исто така, се карактеризира со поголеми зафати со вградени светла за магла. Од страна има додатоци со сребрени прагови, додека одзади има значка со ознаката GR.

Внатре, моделот добива нова графика за 9-инчен инфо-забавен екран осетлив на допир, копче за стартување на моторот со ознака GR и лого на GR врежано на седиштата. Безбедносната опрема вклучува седум воздушни перничиња и пакетот Toyota Safety Sense 2.0.

Toyota Gazoo Racing и даде на Corolla Cross спортска суспензија со нови пружини и амортизери за подобрено управување, додека новиот држач за засилување на шасијата ја зголемува крутоста.

Corolla Cross GR Sport е достапен со бензински и хибридни погонски агрегати. Од 1,8-литарскиот четирицилиндричен мотор излегуваат 138 КС и 172 Нм вртежен момент што испраќа енергија на предните тркала преку Super CVT-i менувачот.
Хибридниот погон доаѓа со 1,8-литарски мотор со електричен мотор за комбинирана моќност од 121 КС што се пренесува на предните тркала преку E-CVT менувач.

Новиот Corolla Cross GR Sport е веќе достапен во Тајван, со цена што почнува од 875.000 тајвански долари (околу 31.600 американски долари) за 1,8-литарскиот бензински мотор и 945.000 тајвански долари (околу 34.100 американски долари)за поефикасниот хибрид.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK