Луда работа – по грешка им испратиле метамфетамин во резервните тркала

ОБЈАВЕНО НА:

Криминалците знаат да бидат и до толку многу креативни што знаат понекогаш да се загубат во својата креативност. Последниот пример за тоа доаѓа од Канада каде дилери на автомобилите Ford во автомобилите поточно резервните тркала пронашле метамфетамин.

Имено, добро е познато дека во Мексико Ford поседува неколку фабрики, а и дел од своите добавувачи доаѓаат токму од оваа земја. Така, картелите го искористиле извозот од Мексико во Канада за да ги прошверцуваат наркотиците, но очигледно дека нешто тргнало наопаку.

Сето ова го открил еден вработен во дилерско претставништво во Онтарио. Вработеното лице при проверката на пристигнатите автомобили ги приметил наркотиците во резервното тркало по што ја известил локалната полиција. Вкупно во девет од 14те пребарани возила во 13 продажни салони на Ford било пронајдено метамфетамин.

Канадската полиција користејќи ги меѓународните институции за борба против наркотиците и криумчарењето започна истрага за откривање на овој канал на дистрибуција на дрогата.