Падна и Карпош: Ќе се воведува зонско паркирање!

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред две години имаше анкета според која жителите на Општина Карпош се изјаснија за воведување на зонско паркирање сега и во пракса почнува реализацијата. Ќе се воведува зонско паркирање во населбата Карпош 1 за да се реши проблемот со блокирани тротоари. На улицата „Орце Николов“ во делот на Општина Карпош тротоарите се узурпирани од возила

Истото треба да биде бесплатно за жителите, а ќе им се наплатува само на оние што не живеат таму. Не само што тротоарите се блокирани, туку и оние што живеат во Центар или доаѓаат на гости таму ги користат улиците во Карпош каде не се наплаѓа паркирањето. Тоа дополнително ја зголемува фреквенцијата на возила, па на тротоарите не може воопшто да се помине во некои делови од општината.

Според градаоначалникот на Општина Карпош, Стефче Јакимовски, веќе има изработено сообраќаен елаборат за Карпош 1 со кој се предвидува и воведување на зонско паркирање. Елаборатот е испратен во МВР на одобрување, од каде се дадени насоки за корекции.

Како долготрајно решение во Карпош 1 се планира изградба на катна гаража која треба да почне да се гради следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK