Саемот во Минхен завршува утре – до крајот на годината потврдени уште два

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот за автомобили во Минхен беше првиот голем саем кој се одржа во Европа по речиси две години. На овој саем кој трае од 7 до 12 септември беа претставени повеќе новитети како Audi RS3, BMW iX3, Mercedes-AMG EQG, Mercedes-Benz EQE, Dacia Jogger, Cupra Born…
Наместо досегашниот концепт на саем на едно место Минхен понуди повеќе, промоции на различни локации низ градот, користење и на саем, на панел дискусии со цел да биде поразличен.

Сега сите фанатици на саемите за автомобили се насочени кон најавените во Женева, Детроит, Шангај кој ќе се одржат следната година.

Во меѓувреме, до крајот на годината потврдено е одржувањето на два саеми и тоа во Барселона и Сеул. Во каталонската престолнина саемот започнува на 30 септември и ќе трае се до 10 октомври. Истиот ќе се одржи на саемот во Барселона.

Во јужнокорејската престолнина Сеул, саемот почнува на 25 ноември и ќе трае се до 5 декември, а ќе се одржи во Кинтекс изложбениот центар.

Инаку Храбрин Иванчев од бугарската асоцијација на автомобилски произвдоители го најави и саемот во Софија кој ќе се одржи од 4 до 12 јуни следната година, а ќе се одржи на Интер Експо центарот во главниот град на Софија.
Веројатно ќе следуваат и другите традиционални саемски манифестации во околината, во Белград и Загреб.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK