Коронавирусот го одложи новиот VW Passat

ОБЈАВЕНО НА:

Несомнено дека коронавирусот и кризата предизвикана од оваа пандемија негативно влијаеше врз автомобилската индустрија. Дополнително оваа пандемија ги расипа плановите за блиската иднина на производителите на автомобили.

Меѓу бројните модели кои настрадаа е и деветата генерација на VW Passat чија премиера требаше да се случи во текот на следната година.

Сега, последните информации од Германија кажуваат дека премиерата е одложена за крајот на 2022 година додека во производство ќе се појави во 2023 година. Тоа практично значи дека новата генерација ќе дојде 12 години по премиерата на актелната, осма генерација.

Инаку новата генерација треба да ја задржи постоечката дизајнерска филозофија, а централно место под хаубата ќе заземе усовршениот 2,0 дизелски мотор, се разбира, доколку во меѓувреме не се заоштри регулативата во поглед на издувните гасови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK