Рендер: Вака би можело да изгледа новото Punto

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата на концептот Centoventi кој на саемот во Женева беше најавен како наследник на Panda, на интернет се појави и рендер од можниот изглед на новата генерација на Punto.

Од рендерот може да се забележи дека новото Punto би имало идентична дизајнерска филозофија која е аплицирана кај најавениот модел Centoventi. И овој модел како и Centoventi ќе дојде во plug-in хибридна изведба и треба да биде адутот на италијанскиот производител во B сегментот каде последните неколку години врвот го преземаа Renault Clio и Peugeot 208.

Сепак треба да се напомене дека сето ова е на ниво на шпекулација, па се очекува во наредниот период FCA во целост да ја објави иднината за фијатовиот претставник во B сегментот.

Fiat Punto важи за еден од најпродаваните автомобили во историјата на Fiat. Првата генерација е лансирана во 1993, а две години подоцна, во 1995 година е избран за автомобил на годината. Од тогаш па се до минатата година кога и престана производството лансирани се три генерации од овој култен модел на Fiat.