Вака би можело да изгледа новата генерација на Kia Sportage

ОБЈАВЕНО НА:

Актуелната генерација на моделот Sportage датира уште од 2015 година. Веќе подолго време се зборува за новата, шеста генерација, а во меѓувреме се појави и рендерот за можниот изглед на истата. Tака дизајнерите во Auto-Express сметаат дека ќе изгледа Sportage.

Станува збор за драстично изменет изглед кој треба да донесе свежина во понудата на јужнокорејскиот производител.

Премиерата на овој модел треба се случи на почетокот на следната година. Истиот во моментов се тестира во Европа при што е фатен на неколку шпиунски фотографии.

Kia Sportage

Иако не е понзато дали ќе добие хибридна или електрична изведба, новата генерација и натаму под хаубата ќе биде достапна со 1,6 литарски бензински и турбобензински мотор. Производството ќе се одвива во Жилина (Словачка), Калининград (Русија), Гурун (Малезија) и Јанченг (Кина).

Први фотографии од новиот Kia Sportage

Следете не и на:

24AUTO NETWORK