Еволуција место револуција за Nissan Juke II

ОБЈАВЕНО НА:

Возилото Nissan Juke според мерките на современата автомобилска индустрија може да се нарече старец. Кросоверот кој беше голем хит се произведува од 2010 година и ако не се брои дотеруањето од 2014 година се нуди без измени досега.

Втората генерација на моделот треба да внесе нов живот на познатото име. Nissan го одложи дебито на Juke II делумно поради неизвесноста околу излагањето на Велика Британија од Европската унија, но долгоочекуваната премиера на кросоверот ќе треба да се одржи оваа година.

Ако се суди според папараци фотографиите, новиот модел ќе го зачува карактеристичниот физајн на неговиот претходник, а како точно ќе изгледа претстава даваат компјутерски генерираните слики од страна на рускиот дизајнер Никита Чујко. Според него во надворешниот дел на Juke II ще има повеќе прави линии и агли во согласност со остатокот на опсегот на јапонскиот производител.

„Двокатната“ предна оптика – зачуван бренд на моделот – ќе биде „закопана“, но горните сегменти ќе бидат LED ленти. Решетката на ладилникот со хромираната „V“ ќе порасне во големина.

Juke II ќе биде изграден на платофрмата CMF-B, која веќе служи како основа на петтата генерација на Renault Clio. Тоа значи дека може да се очекува аналогно ниво на мотори со обен од 1.0 до 1.3 литри и моќност меѓу 99 и 129 коски сили. Според гласините ќе има и хибридна верзија.