Alfa Romeo и Sauber ја продолжија љубовта

ОБЈАВЕНО НА:

Alfa Romeo и Sauber Motorsport и натаму продолжуваат со соработката на полето на мотоспортот или поконкретно Формула 1 шампионатот.

Двата тима потпишаа договор за заеднички настап заклучно сезоната 2025 година при тоа најавувајќи дека уште од следната година ќе работат на реализација на новиот амбициозен план, но и исполнување на новите, построги регулативи на Ф1.

“Како историски италијански авто-мото бренд, Alfa Romeo е роден на тркачките патеки. Денеска сме горди што продолжуваме да го славиме тој тркачки ДНК така што го ставаме во средиште на иднината на нашиот бренд” изјави Жан ФИлип Импарато, извршен директор на брендот Alfa Romeo.

Годинава е третата сезона од партнерството кое го потпишаа во 2018 година. И оваа сезона како и претходните за овој конструктор возат Кими Раиконен и Антонио Џовинаци. И во 2019 и во 2020 година овој тим во конкуренција на конструктор освоија 8. позиција на генералниот пласман.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK