VW не знае што да прави со Ducati?

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе подолго време се зборува за тешкото позиционирање на Ducati во VW Групацијата. По купувањето во 2012, VW се мачи да воспостави синергија помеѓу овој италијански производител и останатите во портфолиото на германската мултинационална компанија.

Првите шпекулации за продажба на овој бренд се појавија во 2015 година во време кога Volkswagen Групацијата беше погодена од скандалот Дизелгејт. Тогаш со продажбата на Ducati се планираа да се соберат потребните средства за казни и обештетување, но тогаш првиот човек на Audi под чија директна сопственост е италијанскиот производител изјави дека Ducati нема да се продаде.

Сега, неколку години подоцна повторно се шпекулира за продажбата на Ducati, но овој пат главен протагонист за тоа е првиот човек на VW Групацијата, Хербер Дис, кој размислува и за спојување или некој вид на алијанса на Ducati со некој од конкурентите.

И сега како и претходно причината е иста, а тоа е недостатокот на синергија од една страна и паричните приливи од друга страна кои би се обезбедиле со продажбата.

Минатата година се пишуваше за тоа како VW од продажбата би добиле 1.5 милијарди евра, но и тогаш немаше ништо поконкретно околу можните купувачи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK