Сите детали за Mazda CX-30 (+ ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Mazda го промовираше новиот модел CX-30 во Европа летово и објави и мега фото галерија која го прикажува компактен SUV во детали што ќе ги интересираат потенцијалните купувачи.

Премостувајќи го јазот помеѓу CX-3 и CX-5, моделот CX-30 е долг 4,395 мм, широк 1,795 мм. и висок 7.140 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.655 мм и е приближно иста како и кај Mazda3 со која CX-30 ја споделува Skyactiv-Vehicle Architecture.

Стилскиот модел, исто така, е под силно влијание на новата Mazda 3 хечбек, иако CX-30 има одредени карактеристики, како што се потенки Ц-столбови, повисок клиренс и изобилство пластични облоги. Приказната се повторува внатре, CX-30 е со ист дизајн на таблата и технологија како и Mazda 3 – како што е 8,8-инчниот централен дисплеј на Mazda Connect инфозабавниот систем кој нуди навигација, како и Apple CarPlay и Android Auto поврзувањето.

Во однос на практичноста, CX-30 нуди ист простор помеѓу седишта како Mazda CX-5, доволно за колената и главата, има капацитет од 430 литри на багажникот што е 65 литри повеќе од Mazda 3. Автомобилскиот производител тврди дека има доволно простор за истовремено сместување на голема стандардна бебешка количка и торба за носење.

Понудата на мотори исто така се повторува од Mazda3, и CX-30 ги нуди истите Skyactiv-G, Skyactiv-D и Skyactiv-X мотори во Европа, секој достапен со шест-брзински Skyactiv-MT мануелен или со шест брзини Skyactiv-Drive автоматски менувач.

Skyactiv -G 2.0 четирицилиндерски бензински мотор испорачува 122 КС со 6.000 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 213 Nm при 4.000 вртежи во минута. Стандардно е опремен со Mazda M Hybrid 24-волтен mild хибриден систем и систем за деактивирање на цилиндрите за да испорача просечна потрошувачка на гориво до 5,3 л / 100 км (WLTP).

Skyactiv-D 1.8 четирицилиндерски турбодизел е уште поекономичен, со WLTP рејтинг до 4,1 л / 100 км и 135 г/км CO2. „Нафташот“ испорачува 116 КС при 4.000 вртежи во минута и 270 Nm вртежен момент при 1.600-2.600 вртежи во минута.

И Skyactiv-X 2.0-литарскиот бензински мотор кој користи SPCCI технологија во комбинација со Mazda M Hybrid системот, ветува дека ќе ја комбинира дизел ефикасноста и вртежниот момент со линеарен одговор и повисоки вртежи во минута типични за бензински мотор .

Од безбедносен аспект, Mazda CX-30 i-Activisense пакетот носи бројни стандардни системи, вклучувајќи и паметна поддршка за сопирачките, контрола на долгото светло, следење на слепа точка, предупредување за задниот сообраќај, предупредување за напуштање лента, , интелигентна брзина помош, предупредување на вниманието на возачот и адаптивна круз контрола.