Новиот Peugeot 308 доаѓа следната година

ОБЈАВЕНО НА:
Peugeot по премиерата на новата генерација на моделите 508 и 208, активно работи на новата, трета генерација од моделот 308. Екстериерот се очекува да биде со идентичен дизајн како и моделите 508 и 208. Тука пред се се мисли на предните и задните LED светла како и предната маска од ладилнико. Идентичен се очекува да биде и ентериерот каде пристигнува последната генерација на инфотејнмент системот на францускиот производител.
Третата генерација ќе се темели на EMP2 (Efficient Modular Platform) платформата која меѓудругото ќе ја користи и новата генерација од моделот на Astra. Така должината се очекува да изнесува 4,330 см што претставува 8 см повеќе од актуелната втора генерација. Меѓуоскиното растојание се очекува исто така да нарасне и изнесува 2,621 см. Благодарение на напредата технологија, овој модел ќе има второ ниво на автономија.
Во однос на моторите централно место се очекува да заземе 1.5 литарскиот дизелски BlueHDi мотор. Во понудата ќе бидат и неколку бензински мотори, а во 2021 година се очекува да биде претставена и plug-in хибридната изведба од овој модел.
Премиерата на овој модел ќе се случи следната година и тоа најверојатно во рамките на саемот на автомобили во Париз. Со овој модел PSA Групацијата ќе се впушти во напад на конкурентите пред се новата генерација од Ford Focus како и осмата генерација од популарниот Golf кој доаѓа оваа година.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK