Во Македонија најмногу се вози на нафта, но и на алкохол!

ОБЈАВЕНО НА:

Од вкупно регистрираните 477.350 моторни возила, 250.540 се на нафта, покажуваат статистиките за 2018 година објавени од страна на Државниот Завод за статистика. Дизелските агрегати се уште се популарни во Македонија што го покажуваат и бројките. Разликата е најмногу поради товарните возила и автобусите кои користат дизел.

Бензински мотори имаат 214.010 возила додека на течен гас т.е. плин регистрирани се 12.336 возила. Во 2018 година во Македонија регистрирани се и 112 електрични возила.

Кај патничките автомобили, 194.384 се на бензин, додека 208.805 на нафта. 11.706 се на бензин-плин додека 112 на мешавина. Нема бројка колку од нив се фабрички, а колку со дполнително вграден плински уред.

Доколку се разгледаат податоци, она што привлекува најмногу внимание е тоа што едно возило во 2018 година користело и алкохол како гориво. Станува збор за товарно возило од Скопје. ДЗС не открива точно за каков вид на алкохол станува збор, но претпоставуваме дека станува збор етанол, вид на гориво кое често се користи во Бразил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK