Новиот Mercedes-AMG SL во последна фаза на тестирање (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Спортскиот дел на Mercedes-Benz- Mercedes-AMG, објави дека верзијата 2022 на Mercedes-AMG SL (Super Light) се наоѓа во последната фаза на тестирање, а предвидува и почеток на првите тестови на автомобилот на јавни патишта.

Од Mercedes-AMG коментираат, дека голем дел од развојот на новиот SL е направен со помош на компјутерски симулации и испитувања. И покрај тоа автомобилот нема како да биде реализиран успешно без соодветните тестови во реални патнички услови, а во тој дел и во екстремни услови.

Во моментов, од Mercedes-AMG не коментираат многу за деталите за новиот SL, но споделуваат дека тој ќе биде опремен со специјално конфигуриран и адаптиран за моделот 4MATIC+ систем за погон на четири тркала.

Посебно внимание е посветено исто така и на реновираниот мек покрив на преклопување, кој требало да се докаже како успешен концепт во исклучително сурови атмосферски услови во реонот на арктичкиот круг.

Mercedes-AMG SL

Спортскиот дел на Mercedes-Benz- Mercedes-AMG, објави дека веријата 2022 на Mercedes-AMG SL (Super Light) се наоѓа во последната фаза на тестирање, а предвидува и почеток на првите тестови на автомобилот на јавни патишта. Голем дел од развојот на новиот SL е направен со помош на компјутерски симулации и испитувања. И покрај тоа автомобилот нема како да биде реализиран успешно без соодветните тестови во реални патнички услови, а во тој дел и во екстремни услови.

Еден од следните чекори во програмата за тестирање е новиот Mercedes-AMG SL, кој ќе биде претсавен официјално подоцна во текот на годината, а ќе бидет тестирани на легендарната писта во Нирбургринг.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK