Hyundai најави нов СУВ – промоција на 17 ноември

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Motor Company ги објави првите тизер фотографии од нов концептен автомобил, кој го означува почетокот на новиот и целосно електричен SUV модел на марката.

Новиот СУВ би требало да биде всушност предвесник на следниот Ioniq 7 и би требало да пристигне на назарот во почетокот на 2024 година будејќи слична конфигурација како и моделот Palisade, со шест и седум седишта.

Новиот концепт развој на Hyundai Motor Company се вика SEVEN и ќе биде претставен на 17 ноември за време на специјализираната изложба AutoMobility LA.

Од Hyundai Motor Company коментираат дека новиот концепт, чија сериска верзија ќе стане уште еден додаток на целосно електричниот IONIQ семејството на брендот, ја демонстрира иднината на дизајнот и технологијата на брендот.

Во однос на стилот на SEVEN, Hyundai вели дека го следи мотото „формата ја следи функцијата“ и е илустриран со луксузен ентериер кој личи на ложа, исполнет со одржливи и еко-одговорни материјали.

Иако останува да се види што ќе донесе студијата, Hyundai претходно потврди дека сите модели на Ioniq ќе се возат на нивната E-GMP платформа и дека 7 ќе ги користи новите SK Innovation батерии со капацитет од 100 kWh и 800 волти. технологија, која нуди опсег од повеќе од 483 км. и брзо полнење со полнење од 10-80 проценти кое трае околу 18 минути.

Исто така, ќе понуди верзија со погон на сите тркала со поставување на двоен мотор со комбинирана моќност од 308 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK