VW Групацијата го претстави моделот Jetta VS7

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година Volkswagen Групацијата го претстави новиот нискобуџетен бренд наменет за кинескиот пазар именуван како Jetta. Името е инспирирано од моделот Jetta на Volkswagen, а од досегашните модели може да се заклучи дека екстерите и ентериерите се инспирација од моделите на Seat и Skoda.

Последен во низата автомобил кој доаѓа во портфолиото на овој брен е моделот VS7 кој е инспириран од Seat Tarraco.

Должината е идентична па така должината изнесува 4.624 мм, широчината 1.841 мм, висината 1.633 мм, додека пак меѓуоскиното растојание изнесува 2.730 мм.

Jetta VS7

Во понудата ќе дојде на почетокот на следната година, а достапен ќе биде само со 1,4 литарски турбо бензински мотор со 150 КС паруван со 6 степен мануелен или 6 степен автоматски менувач.