Давидовски одличен во квалификациите – ќе стартува од пол позицијата во втората трка во Франција

ОБЈАВЕНО НА:

Виктор Давидовски кој вози за тимот на Cometoyou Racing ќе стартува од првата позиција на втората трка што ќе се вози утре на патеката Пол Рикар во рамките од TCR Europe. Неговиот клупски колега Том Коронел беше најбрз во квалификациите и на денесшната трка ќе тргне од првата позиција.

Според пропозициите во TCR Europe освоените места од квалификациите се користа за старт на трката, а на втората се оди по обратен редослед, односно стртува оној што во квалификациите бил на 10 место. Давидовски освои и едне бод од квалификациите од првата сесија каде го освои седмото место.

Лидерот во генералниот пласман Франко Џиролами ќе тргне од 5. позиција на трката.
Македонскиот возач имаше одличен почеток на викендот и уште во слободните квалификации покажа дека е подготвен за освојување бодови, а неговиот тим Cometoyou да ја прекине традицијата и да победи првпат на оваа трка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK