Ford го прикажа најновиот модел Puma

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година Ford објави дека ќе претстави SUV изведба од новата Fiesta, а сега само неколку месеци подоцна американскиот производител премиерно го претстави SUV моделот Puma.

Најавен како најдобар во својата класа според капацитетот, флексибилноста и перформансите, овој SUV располага со хибриден погон, минимален волумен на багажниот простор од 456 литри како и последната технологија развиена од страна на Ford.

Претседателот на Ford Europe, Стујарт Роули го етикетираше овој модел како иновативно осмилен и заводливо обликуван некриејќи ја воодушевеноста од дизајнот на овој модел.

Инаку називот Puma потекнува од 1997 година кога Ford во Европа го продаваше тогашниот купе модел под ова име. Се произведуваше се до 2002 година, а овој компактен купе автомобил и не доживеа некој особен успех.

Во продажба овој мал SUV доаѓа оваа есен како главен конкурент на Volkswagen T-Roc, Toyota C-HR, Hyundai Kona, Kia Stonic како и Renault Captur и Opel Mokka.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK