Легендарниот трицикл од „Only Fools and Horses“ продаден за 41.625 фунти (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Главните херои на хумористичнта серија на ВВС, Only Fools and Horses која некогаш беше исклучително популарна и на балкансите простори, поради браќата Тротер (Дел Бој и Родни), а со нив и светски познатиот легендарен трицикл Reliant Regal (инаку често погрешно нарекуван и како Reliant Robin).

Аукциската куќа Silverstone Auctions го понуди на продажба оригиналниот жолт трицикл кој се користеше во текот на снимањето на епизодите од серијата „Only Fools and Horses“од 2002 година кога со него Дел Бој и Родни патуваа дури до Монако.

Жолтиот трицикл произведен во 1968 година има оригинален регистарски број BWC 94F, a се движи на двоцилиндричен мотор со обем од 598 сантиметри и најголема моќност од 25 коњски сили. Возилото има волан на десната страна и досега има поминатот 71.778 милји (115.000 километри).

Жолтиот трицикл со натпис„Trotters Independent Trading Co“ на аукцијата на куќата Silverstone Auctions е продаден за двојно поголема цена од најоптимистичките предвидувања. Среќниот купувач за него излицитира цена од 37.000 фунти, но со дополнителен данок кој купувачот треба да го плати конечната цена изнесува 41.625 фунти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK