Aiways го претстави серискиот U6

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Женева кој минатата година не се одржа поради пандемијата на коронавирусот, кинескиот производител Aiways требаше да го претстави концептот U6ion. Истиот потоа дебиитраше на он-лајн настан, а речиси една година подоцна доаѓа и серискиот модел именуван како U6.

Се работиз за целосно електричен автомобил кој се базира на MAS платформата (More Adaptable Structure) која ја користат и останатите модели на Aiways, а последно и моделот U5.

Дизајнот е дело на јапонецот Кен Окујама кој порано беше дел од Pininfarina, а работел на дизајнот на Ferrari 599 GTB Fiorano, Ferrari 456M GT, Ferrari California, Ferrari 612 Scaglietti, Chevrolet Camaro, Ferrari Rossa, Mitsubishi Colt CZC, Maserati Birdcage 75th, Maserati Quattroporte V и Ferrari P4/5.

Моделот U6 располага со ист погон како и помалиот U5. Тоа значи дека располага со електричен систем кој продуцира 140 kW односно 190 КС и 315 nm. До стотка забрзува за 7,6 секунди, а батеријата од 53 и 63 kWh овозможува автономија од 400 до 500 км според NEDC.

Привлечен е и внатрешниот дел од автомобилот каде доминира 14,6 инчниот, централно поставен екран осетлив на допир. Колоритниот дизајн на внатрешноста е изработен од квалитетен материјал, а ергономичноста е една од главните вредности при дизајнот на истиот.

Ниту еден љубител на автомобилите не може да остане рамнодушен и на големиот сончев покрив.

Цената на овој автомобил не е позната. Во продажба доаѓа во текот на летото во Кина, а не се исклучува можноста од следната година да го гледаме и во Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK