Во Македонија е скапо горивото? Еве ги цените во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Секој понеделник во Македонија има одлука за максималната малопродажна цена на горивата, и постојано има коментари дека цената на бензинот и дизелот е многу висока. Но, ако се земе предвид цената македонскиот граѓанин, може да се забележи дека кај нас сепак тој е меѓу најевтините во Европа.

Најскапото гориво (бензин или дизел) во Европа плаќаат возачите во Финска и Холандија, каде цената е речиси две евра за литар. Холанѓаните плаќаат најскапо, 1,99 евра за литар бензин, додека во Финска за 1 литар би платиле 1,92 евра. Цените се од 11 ноември 2021.
Ако возите автомобил со дизелски мотор тогаш најскапото гориво ќе го платите во Шведска каде 1 литар дизел чини 1,91 евро, а во В.Британија би платиле и 1,74 евра за литар.

Во повеќе европски земји цената на дизелот е повисока од таа на бензинот. Некаде таа разлика е многу мала, некаде навистина значителна. Поскап дизел од бензин има во Белгија, Кипар, Унгарија, Шведска и В. Британија.

Најевтино полнење на резервоарот со гориво во моментов би имале во Турција, каде за 1 литар бензин треба да платите 0,67 евра, а дизелот е 0,63 евра.

Погледнете ја листата на цените на горивата во земјите во Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK