AIR4: Летечки Renault 4

ОБЈАВЕНО НА:

За соодветно да се заокружи прославата на 60-годишнината од култната четворка, Renault, во соработка со центарот за развој на екосистеми за мобилност - TheArsenale, понуди футуристичка интерпретација на овој легендарен модел.

Оваа година се одбележуваат 60 години од Renault 4, автомобил кој е продаден во повеќе од осум милиони примероци во повеќе од сто земји во период од 30 години. Renault 4 не е само автомобил, туку вистинска икона.

По неговата дигитална премиера денеска, јавноста ќе може да го види AIR4 од следниот понеделник до крајот на годината во колоритниот салон на L’Atelier Renault на Елисејските полиња во Париз, заедно со другите легендарни верзии на Renault. 4. Во 2022 година ќе следат премиерите на американскиот пазар, поточно во Мајами и Њујорк, а потоа и во кинескиот регион на Макао.

За да го прослави 60-тиот роденден на својот предводник, Renault организираше прослави во текот на целата година кои вклучија голем број иницијативи. На крајот, марката реши да ги здружи силите со револуционерниот дизајнерски центар TheArsenale за заедно да создаде концепт автомобил – футуристичка и неконвенционална интерпретација на четворката.

Оригиналниот Renault 4 беше едноставен, ефикасен и разноврсен, а се произведуваше од 1961 до 1992 година. Според зборовите на поранешниот директор на групацијата Renault, Пјер Драјфус, тоа е автомобил кој, исто како и фармерките, секој може да си го дозволи. Вистинска икона во служба на семејствата, фирмите, полицијата и поштата, но и бројните млади возачи кои за прв пат седнаа зад воланот. Вредностите и квалитетот на овој модел го поттикнаа TheArsenale да се здружи со Renault за да го редизајнира и изнесе.

AIR4: Летечки Renault 4
Соработката помеѓу Renault Group и TheArsenale на овој навистина уникатен проект даде резултати кои тешко можат да се споредат со нeшто друго. AIR4 е симбол на независност и слобода, создаден од верувањето дека ситуацијата во сообраќајот станува посложена и ни го одзема драгоценото време и дека просторот над нас е и слободен и недоволно искористен. За AIR4, воздушните патишта се тие што не носат во иднината.

AIR4 претставува нов поглед на култниот модел и визија на TheArsenale, кој се оддалечува од постулатите на модерниот автомобилски дизајн. Целосно е направен од јаглеродни влакна и ги задржува истите линии и тежина како и оригиналната четворка, но се разликува од него по новите динамични перформанси. Својствата на крутост беа фундаментално изменети за да се овозможи потисок и полетување, на кои беа потрошени часови на тестирање и проценка. Потпирајќи се на генеративните техники на дизајнирање базирани на вештачка интелигенција, инженерите на TheArsenale успеаја да тестираат терабајти податоци за да ги подобрат и интегрираат идеите на нивните дизајнери, дури и пред тестирање во реални услови.

AIR4 нема погон на тркала. Наместо тоа, има пропелери со две сечила – по еден во секој агол на возилото. Шасијата е поставена во средината на рамката, а за влез во функционалната кабина потребно е да се подигне редизајнираната рамка на Renault 4 напред.

Технички, AIR4 се напојува со литиум-полимерни батерии од 22.000 mAh со вкупен капацитет од околу 90.000 mA. Возилото развива максимална брзина од 26 m/s при хоризонтален лет, со наклон од 45 ° до максимални 70 °. Може да полета на надморска височина од 700 m со брзина од 14 m / s (ограничено на 4 m / s од безбедносни причини), додека брзината на слетување е 3 m / s. Последно, но не и најмалку важно, AIR4 нуди максимален векторски потисок од 380 килограми, или 95 kg по пропелер.

AIR4 беше целосно замислен, дизајниран, развиен и склопен во Франција, во срцето на првиот европски технолошки парк во Софија Антиполис на Азурниот брег.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK