За Шкотланѓаните ова е автомобилот на годината

ОБЈАВЕНО НА:

Откако претходно во Италија и Германија беше избран автомобилот на годината на свечена церемонија во Глазгов беше избран и автомобилот на годината во Шкотска.

Во организација на Асоцијацијата на автоновинари на Шкотска, приматот “Шкотски автомобил на годината” му припадна на Jaguar I-Pace. “Ова е највозбудливиот Jaguar од E-Type. Електричниот I-Pace во целост ја заслужи оваа награда” изјави Џон Мардок, претседател на Асоцијацијата на автоновинари на Шкотска.

Ова е втора на награда за Jaguar I-Pace за само неколку денови откако претходно беше избран и за автомобил на годината во Германија. Инаку последен пат автомобил на Jaguar ја доби оваа престижна награда во Шкотска во 2006 година кога Jaguar XK беше избран за автомобил на годината.

Покрај оваа награда, на церемонијата беа доделени уште неколку други награди во други категории. Новиот Ford Focus беше избран за најдобар фамилијарен автомобил. Во конкуренција на pick-up возила, наградата припадна на Ford Ranger додека за најдобар користен автомобил е избран Kia Sportage.

Peugeot 5008 ја доби наградата за најдобар фамилијарен кросовер, Jaguar E-Pace ја доби наградата за најдобар кросовер во премиум класата додека за најдобар спортски автомобил припадна на BMW M5.

Во периодов и многу други европски земји ќе го прогласат автомобилот на годината

Следете не и на:

24AUTO NETWORK