Автомобил и авион учествувале во сообраќајна незгода! (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Да, и тоа е можно! Се случи сообраќајна незгода во која учествувале авион Mooney M20E и патничко возило Lexus IS, пренесуваат американските медиуми.

Овој настан се случил на регионален пат во Ливермор, Калифорнија откако пилотот ја промашил блиската лента на локалниот аеродром.

Зборејќи за KPIX, пилотот Џош Редсан изјави дека авионот бил на висина од 150 метри кога веќе знаел дека ќе се случи несреќа. “Мило ми е што сите се добро. Беше изгубена брзината при слетувањето” изјави Редсан.

Во моментов целосна истрага извршува FAA (Федерална авијациска администрација) која треба во извештајот да ја наведе целосната причина како и околностите под кои се случила несреќата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK