McLaren се пишмани – ќе има СУВ во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

Иако во 2018 година од McLaren порача дека тие никогаш нема да произведуваат СУВ модели, дојде до промена на планот. Првиот СУВ на McLaren со високи перформанси ќе го носи името GTX, а се очекува испораките да почнат веќе во април следната година.

Во McLaren со години тврдеа дека во својата понуда никогаш нема да имаат СУВ возила, но, сепак, одлчија да го прекршат ветувањето  и да направат автомобил, кој би требало значително да го зголеми профитот на компанијата.

Тој ќе биде заснован на неодамна претставениот GT модел и ќе го движи 4.0-литарски битурбо V8 мотор со неверојатни 600 коњски сили и 760 Nm вртежен момент со седумстепен автоматски менувач. Почетната цена на McLaren GTX ќе биде 192.000 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK