Новиот Passat доаѓа 2023 година – достапен ќе биде само како хечбек и караван?

ОБЈАВЕНО НА:

Новата, девета генерација на моделот Passat ќе пристигне во 2023 година, објави AutoExpress, но она што предизвика внимание е тоа дека ќе биде достапен во караванска и хечбек верзија, но не и седанска.

Британскиот магазин пишува дека овој Passat ќе биде најпространиот во историјата на овој модел. Се очекува да биде до 15 sm. подолг со што ќе ги добие димензиите на кинеската верзија, а меѓуоскиното растојание ќе достигне неверојатни 2,85 метри.

Се појасно е дека новата генерација ќе ја напушти фабриката во Емден (Германија) каде се произведува со децении, а новото место на производство ќе биде Словачка каде се произведува и Skoda Superb.

Инаку актуелната генерација на Volkswagen Passat датира уште од 2014 година и во моментов е најстариот модел во понудата на германскиот производител. Но и покрај тоа бележи одлични продажни перформанси.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK