Возила со најмногу повици за сервис во 2020 година (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2020 година 353 патнички автомобили имале повик за дополнителен сервис (recall) што се однесувало на 248 модели на 38 производители на автомобили.

Податоците се базираат на анализата на неделните прегледи RAPEX известувањата издадени од Генералниот директорат на Европската комисија за здравство и заштита на потрошувачите.

Бројот на повлекувања е споредлив со претходната 2019 година, но значително зголемување од година на година се случи пред една година. Главната табела подолу покажува дека Mercedes-Benz (57) пријавил најмногу повлекувања според Rapex во 2020 година повторно, a потоа следуваат Peugeot (28), Ford и Volkswagen (24)

Во првите десет се појавуваат и Toyota (22), Audi (19), Citroen (18), BMW (17), Renault (15) и Opel (14). Застапеноста на брендовите на највисоките позиции е иста како и пред една година, а само нивниот редослед е променет. Сега Ford, VW и Toyota се неколку места повисоко, додека Audi, Citroen, BMW и Opel тргнаа во спротивна насока. Без оглед на редоследот бројот на повлекувања се зголемил кај скоро сите производители во Топ-10.

Во споредба со претходните години, бројот на дефекти на сопирачките значително се зголемил (83 наспроти 49 во 2019 година). Ризикот од пожар (114/116) се појави во поголема мера кај хибридните и електричните автомобили. Проблемите со суспензијата (67/65) и управувачот (31/35) остануваат приближно исти вредности како и претходните години. Имаше значително намалување на записите поради дефекти на воздушните перничиња (95/144) и моторот (94/134).

Детален преглед на повлекувања во 2020 година

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK