Volkswagen ги објави цените за новиот Passat

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Volkswagen обновија еден од бестселерите и почнаа прием на порачки за него. Станува збор за моделот Passat, а промените не се толку видливи, но не се ни мали. Промената е кардинална. Надворешноста се сведува на нови бразници, изменети предни светла и решетка на ладилникот, а под логото на багажникот се појавува натпис Passat.

Во внатрешниот дел од автомобилот има нови елементри на контролната табла кои се целосно дигитални, а исто така и мултимедија од трета генерација. Таа може да биде визуелизирана преку 6,5, 8 или 9,2- инчни екрани, да пренесува интернет радио и да ги ажурира податоците за системот за навигација во реално време. Електронските асистенти на возачот се силно раширени.

Сега, Passat може да се движи автономно и со брзина од 210 км/ч, а главна улога за тоа имаат новата контрола на патувањето, како и системот за одржување на платното. Достапни се помошни уреди за сопирање и нов електромеханички серво погон на воланот.

Цените во Германија се движат од 34.720 евра за седан со 1.6-литарски турбо дизел мотор, додека комбито со ист агрегат се нуди за 35.825 евра. Најскапиот Passat е верзијата Alltrack, која е опремена со дволитарски турбо дизел мотор со моќност од 240 коњски сили. Тој ќе чни 50.795 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK